scroll to top
0

EBSCO Auth Banner

Let's find your institution. Click here.

ДАНОЧНОТО ЗАТАЈУВАЊЕ КАКО КРИВИЧНО ДЕЛО ПРОТИВ ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ. (Macedonian)

  • Academic Journal
  • Knowledge: International Journal; 9/1/2020, Vol. 42 Issue 1, p197-201, 5p
Additional Information
TAX EVASION AS A CRIMINAL ACT AGAINST PUBLIC FINANCES. (English)
Two things in life are inevitable: death and paying taxes. Tax evasion as a basic fiscal crime has its own development path and is not a recent phenomenon. Ratio legis of tax evasion is the constitutional postulate contained in Article 33 of the Constitution of the Republic of Macedonia which prescribes a fundamental duty and civil obligation to pay tax and other public duties determined by law. The reasons for the occurrence of tax evasion are located in the nature of the tax and other public duties, the coercive, derivative character and its own system of valuing justice.Their unfavorable action with a sign of „economic burden or cost” on the taxpayer causes a reaction of resistance to payment primarily due to reduction of economic power and deliberate taking of illegal actions in order to reduce or avoid adverse tax effects in the form of tax evasion. The line between tax evasion as a crime and similar аppearance is quite fluid and opens space for terminological confusion. That is why tax evasion needs to be approached phenomenologically from the aspect of its legal features as a crime against public finances defined in Article 279 of the Criminal Code of the Republic of Macedonia, the appearance forms, profile characteristics of the perpetrators of the crime and other ancillary parameters. [ABSTRACT FROM AUTHOR]
Две нешта во животот се неизбежни: смртта и плаќањето данок. Даночното затајување како основно фискално кривично дело има свој развоен пат и не претставува појава од понов датум. Ratio legis на даночното затајување претставува уставноправниот постулат содржан во чл.33 од Уставот на РМ односно фундаменталната должност и граѓанска обврска за плаќање на данок и други јавни давачки утврдени со закон. Причините за појавата на даночното затајување се лоцираат во самата природа на данокот и другите јавни давачки, присилниот, деривативен карактер и сопствениот систем на вреднување на праведноста. Нивното неповолно дејствување со предзнак на „економски товар или трошок” кај даночниот обврзник предизвикува реакција на отпор за плаќање пред се поради намалување на економската моќ и свесно превземање на недозволени дејствија со цел несаканите даночни ефекти да се намалат односно избегнат во форма на даночно затајување. Границата меѓу даночното затајување како кривично дело и нему сличните појави- избегнувањето на плаќање данок е доста флуидна и создава простор за терминолошка конфузија. Затоа кон даночното затајување потребно е да се пристапи феноменолошки од аспект на неговите законски обележја како кривично дело против јавните финансии определени во чл.279 од Кривичниот законик на РМ, појавните форми, профилните карактеристики на сторителите и други споредни параметри. [ABSTRACT FROM AUTHOR]
Copyright of Knowledge: International Journal is the property of Institute for Knowledge Management and its content may not be copied or emailed to multiple sites or posted to a listserv without the copyright holder's express written permission. However, users may print, download, or email articles for individual use. This abstract may be abridged. No warranty is given about the accuracy of the copy. Users should refer to the original published version of the material for the full abstract. (Copyright applies to all Abstracts.)
sponsored