scroll to top
0

EBSCO Auth Banner

Let's find your institution. Click here.

СПЕЦИФИЧНОСТИ НА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ ОД ОБЛАСТА НА МАЛОПРОДАЖБАТА (Macedonian)

  • Academic Journal
  • Knowledge: International Journal; 2020, Vol. 38 Issue 5, p1347-1357, 11p
Additional Information
SPECIFICATIONS OF FAMILY BUSINESS IN THE FIELD OF RETAIL. (English)
Business, money, economic growth, prosperity ... notions that we are preoccupied with everyday. Economic stability is in the interest of the states and of course the population. Making a profit through a private business is often a difficult road full of challenges, but also some opinions and the only way to get more finances. Small and medium-sized businesses are the drivers of the economies of the countries, both at the global level and in our country. They are the largest carriers and at the same time are the most represented micro and small enterprises with less than 10 employees. The ability to subsidize a business through start-ups offers the added incentive of selfemployment for anyone who thinks they can and can run their own business. The focus of this paper is on small businesses in the retail sector, but those that run a common, family-owned and separate category - family businesses. Specific in many respects, family businesses are a major challenge for owners, their closest relatives, and of course society. Worldwide, family businesses have a huge impact on the economy and gross domestic product with a share of over 70%. Of course, this also involves the employment of a significant proportion of workers, which is a serious economic factor. But this success of family-owned companies is not easy to maintain. Indicative of this are the numerous surveys and statistics that show that the succession of family business by second, third and subsequent generations of heirs often leads to business failure. It was this challenge that I was exploring as to why personal and professional cooperation in family businesses might be disrupted, and of course, ways to prevent it. In retail, small businesses usually do not have a large number of employees, sometimes only family members work alone, and it is inevitable that problems at home can be brought to work, thus increasing the likelihood of conflicts. Specific is the transfer of business to the next generation, perhaps in the process of "handing over" ownership and liabilities the biggest disagreement arises. The founder of the business may have had a clear vision, knowledge, and maybe a little luck to elevate the business and make it successful. But what about the one who should succeed him? What if he doesn't have that knowledge, is not a born leader or just not very interested in the specific business, but is taking it as part of a logical sequence of events and a good opportunity for financial gain? [ABSTRACT FROM AUTHOR]
Бизнис, пари, економски раст, просперитет ... поими со кои секојдневно сме преокупирани. Економската стабилност е од интерес и на државите, а секако и на населението. Да се дојде до профит преку приватен бизнис честопати е тежок пат полн со предизвици, но исто така и според некои мислења и единствен пат како би се дошло до поголеми финансии. Малите и средни бизниси се двигатели на економиите во државите, како на светско ниво , така и кај нас. Тие се носители на најголемиот промет а истовремено се најмногу застапени токму микро и малите претпријатија со помалку од 10 вработени. Можноста за субвенционирање на бизнис преку старт-ап компании нуди дополнителен поттик за самовработување за секој кој што мисли дека може и знае да води сопствен бизнис. Во овој труд вниманието е токму на малите бизниси од областа на малопродажбата, но оние кои што се водат заеднички, фамилијарно и претставуваат посебна категорија – семејни бизниси. Специфични по многу особености, семејните бизниси се голем предизвик за сопствениците, нивните најблиски од семејството, а секако и за општеството. На светско ниво семејните бизниси имаат огромно влијание врз економијата и бруто домашниот производ со учество од преку 70 %.360 Секако , ова опфаќа и вработување на значителен дел на работници со што претставува сериозен економски фактор. Но, овој успех на семејните компании воопшто не е лесно да се одржува. Показател за ова се многубројните истражувања и статистики кои говорат дека наследувањето на семеен бизнис од страна на втора , трета и следните генерации наследници честопати води до пропаѓање на бизнисот. Токму ова беше предизвик да истражувам кои се причините заради кои може да се нарушат личните и професионални соработки во семејните бизниси и секако, кои би биле насоките за да се спречи тоа. Во малопродажбата, во малите претпријатија, обично и не се работи за голем број вработени, понекогаш и само членовите на семејството работат сами, и неизбежно е проблемите од дома да се носат на работа, со што се зголемува можноста за конфликти. Специфично е и предавањето на бизнисот на следната генерација, можеби и во тој процес на “предавање” на сопствеништвото и обврските се појавува најголемото несогласување. Основачот на бизнисот можеби имал јасна визија, знаење, а можеби и малку среќа за да го воздигне бизнисот и да го направи успешен. Но што со тој што треба да го наследи? Што ако нема толку познавање, не е роден лидер или едноставно не е многу заинтересиран за конкретниот бизнис , туку го превзема како дел од логичниот след на настаните и добра можност за финансиска корист? [ABSTRACT FROM AUTHOR]
Copyright of Knowledge: International Journal is the property of Institute for Knowledge Management and its content may not be copied or emailed to multiple sites or posted to a listserv without the copyright holder's express written permission. However, users may print, download, or email articles for individual use. This abstract may be abridged. No warranty is given about the accuracy of the copy. Users should refer to the original published version of the material for the full abstract. (Copyright applies to all Abstracts.)
sponsored